Нов земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во централна Италија, каде пред четири дена имаше силен земјотрес, во кој загинаа 290 луѓе.
Најновиот потрес ја погодил областа Арквата дел Тронто, наведува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.