Почна последната битка за либискиот град Сирт

Од:

Вооружените сили на Владата на национално единство на Либија денеска презедоа офанзива против позициите на Исламска држава во градот Сирт.

– Силите навлегоа во последните два кварта на Сирт, кои останаа под контрола на ИД. Почна последната битка за Сирт – изјави Реда Иса, портпарол на владините сили.

Околу 1.000 војници учествуваат во последната фаза на операцијата. Џихадистите се обиделе да ги нападнат владините сили со автомобил-бомба, но биле спречени од тенк.

Според очевидци, неколку тенкови и други воени возила се придвижуваат кон северниот кварт на Сирт, кој е под контрола на ИД,

Сирт е на 450 километри источно од Триполи. Сирт е најголемиот град во Либија кој е под контрола на ИД. Градот беше заземен минатата година. Либиските владини сили на 12 мај почнаа операција за ослободување, а во градот влегоа на 9 јуни.

Би можело да ве интересира

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија