Хаос на Филипини: Исламска држава упадна во затвор и ослободи затвореници

Од:

Исламистички екстремисти, поддржани од џихадистичката група Исламска држава, ослободија осуммина свои приврзаници при напад врз затвор во јужниот дел на Филипините. При нападот побегнале и други 15 затвореници.

Полицијата смета дека нападот врз затворот „Ланао дел Сур“ во градот Марави е извршен од 20 тешко вооружени членови на екстремистичката група Мауте, едно од повеќето исламистички движења на островот Минданао. Тие успеале да ги разоружаат припадниците на обезбедувањето на затворот и да ослободат осуммина исламисти, меѓу кои и три жени.

Групата Мауте е нова организација на вооружени исламски екстремисти, кои се лојални на ИД.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Екстремни горештини на Филипините

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски