(ВИДЕО) Стравична несреќа кај Филипините: Се запали траект, петмина загинаа, 87 се исчезнати

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 87 се водат како исчезнати во пожарот што ноќеска избувна на траект во близина на туристичка дестинација во филипинската провинција Палаван. Филипинските власти соопштија дека пожарот го зафатил бродот „МВ Џун Астер“ додека пловел на 2,2 километри од брегот, при што пет тела на загинатите биле извлечени и пренесени на копно. Видео-снимката што ја објави Филипинската крајбрежна стража на социјалните мрежи покажува дека траектот бил целосно зафатен од пламен.

Припадниците на крајбрежната стража им фрлале појаси за спасување на преживеаните додека траектот горел. Патниците биле префрлани во помали чамци и однесени во поплитки води, додека вреќите со телата на загинатите биле пренесени во локалното пристаниште.

„Врз основа на податоците што моментално ги имаме за спасените и жртвите, сè уште имаме 87 лица кои се водат како исчезнати“, изјави утрово Ноеми Кајабјаб, капетанка на Филипинската крајбрежна стража, во изјава за локална радио станица.

Таа соопшти дека се спасени 42 лица и дека според бродските документи, на траектот имало 117 патници и 17 членови на екипажот.

„Само да биде јасно, ова се податоците со кои располагаме во моментов и тие може да се променат додека продолжуваат нашите операции за потрага и спасување“, наведе Кајабјаб, додавајќи дека меѓу спасените има 38 патници и четворица членови на екипажот.

Кајабјаб изјави дека лошите временски услови и високите бранови им претставувале проблем на спасувачите, додека морските струи го одвлекле траектот неколку наутички милји од неговата првична локација.

Таа додаде дека сè уште не е познато што го предизвикало пожарот и дека крајбрежната стража соработува со бродската компанија и поморските власти за да се утврдат повеќе детали.

Според податоците на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај „Маринтрафик“, траектот „МВ Џун Астер“ испловил од филипинската престолнина Манила.

Би можело да ве интересира

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

Автобус полн со ученици падна од височина, загина 21 лице

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

(ВИДЕО) Катастрофа по ударот на „Саудел“: Смртоносни свлечишта, загинати и исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвава ноќ во Либан, има загинати и голем број повредени

Преживеаните од кипарскиот бродолом тврдат: Седиштата почнаа да лебдат, а капетанот продолжил да плови, се слушна експлозија