Половина од Германците против канцеларката: Меркел ја одложи одлуката за нова кандидатура

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи одлуката околу повторното кандидирање за оваа функција, по најновата анкета на јавното мислење покажува дека половина од Германците се против нејзиниот евентуален четврти мандат.

Според анкетата спроведена од социолошката служба Емнид за весникот „Билд“, 50 отсто од испитаниците биле против нов мандат на Меркел, додека 42 отсто се изјасниле дека сакаат да ја видат повторно на функцијата канцелар. Седумдесет отсто од приврзаниците на ЦДУ сакаат таа да ја зачува функцијата до изборите, а 22 отсто сметаат дека треба да се повлече.

Парламентарните избори во Германија ќе се одржат следната година.

Како што пренесува весникот „Шпигел“, одлуката за кандидатура Меркел ќе ја донесе следната година, најверојатно во февруари.

Ова е вторпат Меркел да ја одложува својата одлука за кандидатура.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел