Турција уништи арсенал на терористички групи во Сирија

Од:

Турција денеска уништи арсенал и командна позиција кои им припаѓаат на терористички групи, јави турската државна агенција „Анадолија“ во момент кога курдската милиција во Сирија ја обвинува Анкара дека бомбардирала нејзини цели.

Агенцијата не наведува дали турските сили ги гаѓале целите со артилериско оружје или од авион, ниту кои групи биле цел на нападите, но нагласи дека се погодени цели јужно од градот Џараблус, кој протурските бунтовници во средата го презедоа од џихадистите.

Прокурдските бунтовници во Сирија претходно соопштија дека биле мета на турски воздушни напади, а истовремено Сирискиот центар за мониторинг на човековите права истакна дека борци кои ги поддржуваат Курдите се судриле денеска со турските тенковски сили во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција.

Турција ги смета прокурдската милиција – Единици за народна заштита и Курдската партија за демократска унија за терористички групи кои планираат да создадат автономна курдска област во Сирија, иако тие соработуваат со САД во борбата против Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски