Нерешено со резултат 1:1 заврши првиот натпревар од 3. коло во англиската Премиер лига, одигран попладнево во Лондон, меѓу домаќинот Тотенхем и Ливерпул.
Гостите поведоа преку Џејмс Милнер од пенал во 43. минута, изедначи Дени Роуз во 72. минута.
На другите денешни натпревари се среќаваат:
Челзи – Барнли,
Кристал палас – Борнмут,
Евертон – Стоук,
Лестер – Свонси,
Саутемптон – Сандерленд,
Вотфорд – Арсенал и
Хал – Манчестер јунајтед.
Колото утре ќе биде заокружено со дуелите:
ВБА – Мидлзброу и
Манчестер сити – Вест хем.
На врвот на табелата се Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Хал и Челзи со по 6 бодови, а зад нив е Тотенхем со 5 и натпревар повеќе.