Топло и сончево за време на викендот

Од:

Престојниот викенд во Македонија ќе биде сончево и топло.

Мала локална облачност повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови следи период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата на воздухот, а кон средината на неделата ќе има повторно услови за локален дожд.

Би можело да ве интересира

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди ќе има појава на пороен дожд и грмежи

Сончево и топло, со температури до 37 степени

Претежно сончево и релативно топло за овој период

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

До вторник сончево и топло до 29 степени