Среда 31.08. „среќно“ за политичкиот дијалог?

Од:

На 31.август, во среда, според меѓупартсикиот договор, треба да се одржи финалната лидерска средба за да се резимира дали преземените обврски се исполнети. Од сите задачи се чека комплетно оформување на хок-телото и предлог од опозицијата за личноста која 100 дена до избори ќе ја извршува функцијата одговорен уредник на Јавниот сервис МРТВ

Рокот за пријавување на повикот за петиот член на ад хок-телото за следење на медиумското известување 100 дена пред избори заврши вчера. Утре Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да го избере и петиот член и да ја презентира нацрт-методологијата на следење на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година. Како што соопштија дел од членовите, не можат да ги мониторираат порталите.

Засега нема никакви пречки во однос на остварувањето на договореното лидерите на партиите на средбата на 31 август да дадат позитивна оценка за исполнување на условите за одржување фер избори кои треба да се одржат на 11.Декември. Потоа треба да следува назначувањето нов одговорен уредник на информативната програма на јавниот сервис на предлог на опозицијата, и формирање на преодна влада.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар