Шампионот Јувентус имаше успешен старт на патот кон одбрана на Скудетото, откако синоќа на свој терен ја совлада Фиорентина со 2:1.
Стрелци на головите за „старата дама“ беа Сами Кедира и Гонзало Игуаин, а за гостите од Фиренца погоди Никола Калиниќ.
Претходно, на отворањето на новата сезона, Рома го победи Удинезе со 4:0.
Другите осум средби од 1.коло се играат денес. Двојки се Милан – Торино, Аталанта – Лацио, Болоња – Кротоне, Киево – Интер, Емполи – Сампдорија, Џенова – Каљари, Палермо – Сасуоло и Пескара – Наполи.