А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стандардизација во такси превозот за подобра туристичка слика

by А1он21/08/2016 - 10:18214
Share0

Воведување стандардизација во такси превозот ќе ја смени сликата во туристичките центри, смета претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија Крсте Блажески.

Добивај вести на вибер

Такси превозот, според него, треба да биде регулиран, да се исцртаат местата за паркирање на возилата, да се униформираат и да не се создава непотребна гужва.

– Треба да бидат регулирани и униформирани, да се исцртаат местата каде треба да стојат, а не едно возило да зафаќа место за три. Глетката на влезот во Охрид кај пазарот е секогаш со 100 такси возила и се создава непотребна гужва. Истото се случува и во Струга, но и во други места. Тие пак би ги давале услугите, но да има ред, истакна Блажески.

Смета дека треба да има одредено место за паркирање такси возила, кои преку такси станиците ќе добиваат бројчиња и на станицата ќе има не повеќе од 10-20 возила во еден момент.

– Се  знае колку треба да бидат и да се најдат поблиски паркинзи на кои таксистите таму би ги доисполнувале. Тоа е една неубава слика за странскиот гостин. Не можеме да му докажеме на странскитот гостин дека тоа неможеме да го средиме, тоа е минимално нешто што треба прво да се среди, вели Блажески.

Првиот човек на ХОТАМ посочува дека треба да се постават ценовници на видни места кои ќе важат еднакво за сите, како во такси превозот, така и кај педалинките и кајчињата.
– Треба да се воведе ред и во цените, да се постават ценовници колку чинат тие превози да не биде еден за 1.000 денари, друг за 3.000 да ја дава истата услуга. Тоа е стандардизација за која треба да се погрижат општините и треба многу брзо да се среди, нагласи Блажески.

Стандардизација, како што подвлече, треба да се воведе и во сместувачките капацитети и да се знае што чини 10, што 20, а што 5 евра, а да не да се продава некаде сместување за 100 или 150 денари. Бројот на хотелските и приватните сместувачки капацитети, смета тој, треба да биде сразмерен во однос 3:1, а не да има повеќе приватни легла од хотелски.

turisti

Би можело да ве интересира

По 22 часа и преспивање во расипан автобус, македонските туристи уште се враќаат од Истанбул

Предраг Петровиќ09/09/2025 - 14:5009/09/2025 - 14:54

Се зголемува туристичкиот промет и интересот на странските туристи од западноевропските земји за Македонија

Горан Наумовски31/07/2025 - 10:31

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Горан Наумовски17/04/2024 - 10:20

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ20/08/2023 - 12:4820/08/2023 - 15:38

Хотелот во Грција им се извини на македонските гости кои добија известување дека треба предвреме да го напуштат

A1on04/08/2022 - 14:5904/08/2022 - 15:09

Хотел во Грција остави 12 македонски семејства на улица поради нерасчистени сметки со наша агенција

A1on03/08/2022 - 20:3303/08/2022 - 20:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен