Азервејџанските власти соопштија дека вчера уапсиле четири мажи под сомнение дека се поврзани со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека го организирал неуспешниот пуч во Турција.
Четвоирицата мажи се уапсени под обвинение дека „ја злоупотребиле службената положба“ додека работеле во една телефонска компанија при што давале приватни информации за корисниците и историјата на нивните повици.
При претрес на нивните домови откриена е „верска литература, дискови, брошури со говори на Ѓулен и други документи.
Баку, близок сојузник на Анкара, во текот на неделата покрена кривична истрага за приврзаниците на Ѓулен, кој живее во САД и демантира дека е вмешан во обидот за воен удар во Турција.