Дали Владата затвора институции за наводна поврзаност со Ѓулен?

Од:

Владата ги поддржува легално избраните власти во Турција и има донесено одлуки, кои ќе бидат во согласност со нашето законодавство и нашите национални интереси, вака денеска одговори вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на новинарско прашање дали Владата донела одлука за затворање на турските училишта и организации поврзани со муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, кого турската влада го посочува како инспиратор на неодамнешниот неуспешен воен удар во земјата.

Македонската влада единствено ги поддржува демократски избраните институции во Турција и во тој поглед ќе соработува со владата во Анкара во насока на остварување на нивните цели, а во согласност со македонското законодавство. Во поглед на прашањето за одлука на влада, да владата има донесено одлуки. Сите одлуки кои би ги носеле и ќе ги носиме ќе бидат во согласност со нашето законодавство“, рече Попоски.

Не се потврдува, ниту се негира информацијата дека Владата на последната седница усвоила мерски за ограничување на активностите на Фетулах Ѓулен и неговите приврзаници во земјава.

Ниезвесно е дали со ова се опфатени училиштата на Јахја Кемал.

Од училиштето велат дека од први септември почнува учебната година.

Основни и средни училишта Јахја Кемал има во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица. Ердоган го обвини Фетулах Ѓулен и неговата организација дека стои зад неуспешниот државен удар.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски