Поплавените да ја пријават во МФ банката за исплата на авансната помош

Од:

Граѓаните од поплавените подрачја денеска, утре и задутре треба да ги пријават во Министерството за финансии деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен паричниот надоместок.

Евидентираните лица од приложените списоци доставени од страна на Комисијата за вршење проценка на оштетувања на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силното невреме и поплавите во скопскиот и тетовскиот регион треба да се пријават на  на телефонските броеви: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742 и тоа денеска и утре во период од 9 до 17:30 часот и во понеделник од 8:30 до 19 часот.

Исплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за која лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација  – лична карта или патна исправа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица