ЗНМ бара да се повлече обвинението против Зоран Божиновски

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска побара од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски.

– Се загрозуваат чвековите права и слободи на новинар, а штети се предизвикуваат и врз слободата на медиумите и довербата на јавноста во работата на обвинителството и судството, изјави потпретседателот на ЗНМ Томислав Кежаровски.

Тој пред Основното јавно обвинителство истакна дека институциите непотребно ја одложуваат постапката.

– Ако обвинителството имаше докази тогаш зошто им беа потребни скоро четири месеци да го обвинат Божиновски? Какви докази бараше обвинителството во меѓувреме кога за предметот „Шпион“ веќе првостепено се осудени 19 лица. Очигледно е дека обвинителството купува време затоа што нема цврсти докази да го поткрепи обвинението, рече Кежаровски.

Кежаровски потсети дека Европскиот суд за човекови права од Стразбург има констатирано дека затворање на новинари се смета за непропорционална мерка, освен ако се работи за дела поврзани со тероризам и говор на омраза.

– Македонија како членка на Советот на Европа и потписник на Европската конвенција за човекови права и слободи има обврска да ги почитува пресудите на Европскиот суд. Во спротивно, Македонија грубо ги прекршува преземените меѓународни обврски и со тоа го нарушува нејзиниот углед во Европа, рече Кежаровски.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје