Мексиканската полиција егзекутирала 22 лица во ранч

Од:

Мексиканската полиција измачувала и егзекутирала 22 лица во ранч во западната држава Мичоакан во текот на минатата година, соопшти денеска Националната комисија за заштита на човековите права. 

– Истрагата утврди мноштво нарушувања на човековите права од страна на владините сили, посочи претседателот на комисијата Луис Раул Гонсалес Перес. 

Според властите, убиените били членови на нарко картел, кои се криеле на ранч во Танхуато. 

Државата Мичоакин, која се наоѓа на околу 300 километри западно од Мексико, се смета за една од земјите со најголем број на насилства и центар на континуираната нарко-војна меѓу различни картели. 

Мексиканската полиција ги отфрла обвиненијата и тврди дека дејствувале во самоодбрана откако биле нападнати.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори