Иванов со критика кон власта, ја менува ли политиката?

Од:

Ѓорге Иванов кој веќе го троши вториот мандат како претседател на државата, со денешниот говор изненади.

Иванов побара одговорност од институциите за управување со кризи и заштита и спасување.

„Не може да се дозволи целиот товар во справувањето со елементарните непогоди да паѓа врз Армијата и полицијата, кога во исто време имаат распоредени сили за заштита на државната граница. Неодговорно е да се трошат ресурсите на Армијата за да се штедат сопствените ресурси. Катастрофалните поплави се отрезнувачка опомена. Опомена дека не е доволно само да ги санираме катастрофалните последици. Неопходно е да изградиме култура на отпорност кон ризиците од катастрофи, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето по повод одбележувањето на 18 август – Денот на Армијата, осврнувајќи се на неодамнешните поплави кои го зафатија скопскиот регион.

Ја менува ли Иванов досега, според многумина, „вазалската“ улога во однос на ВМРО-ДПМНЕ, со чија поддршка го доби и вториот петгодишен мандат. Иванов беше бледа сенка на партијата, и не се спротивстави на ниту една одлука, ниту пак имаше различно мислење со Владата и ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа беше случај и со измените во Законот за високо образование кои ја загрозија автономијата на Универзитетот. Професорите му забележаа дека како бивш колега не застана зад Универзитетот, туку ја подржа Владата. Не излезе со свој став ниту во одбрана на студентите, а негово дело беше срамната аболиција, која предизвика лавина протести.

Дел од провладините медиуми денес веднаш го прозваа Иванов и напишаа:

Иванов по секоја цена бара причина да влезе во конфликт со владата, под импресија на критиките на СДСМ дека не е самостоен. Сака да се прикаже во друго поинакво светло на крајот од неговото претседателствување, а веројатно не би ја криел ниту среќата ако владата јавно се скара со него. Така размислува тој, а дали е тоа паметно и дали е коректно кон ВМРО-ДПМНЕ после се она што го направија за него е сосема друга тема додаваат експертите, пишува Курир, не посочувајќи на кои експерти се повикуваат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот