Шеесет тела пронајдени во нова масовна гробница во Мексико

Од:

Во новооткриена масовна гробница во Мексико, пронајдени се 60 тела.

Телата што беа откриени во масовна гробница во мексиканската држава Веракруз, во која беснее насилство меѓу бандите, се жртви на трговијата со дрога, се сомневаат активисти за човекови права, јавува Хина

Роднини на исчезнати лица во Мексико во масовна гробница пронашле најмалку шеесет тела, соопштија денеска активисти.

– Телата се откриени во близина на градот Колинас де Санта Фе, во источната држава Веракруз, изјави портпаролката на групата Колективо Солецито.

Таа додаде дека во ексхумацијата помагаат стручњаци на федералната полиција.
Активистите се сомневаат дека станува збор за жртви на трговијата со дрога.

– Војната на наркокартелите предизвикува страшно насилство во Веракруз, рече Луциа де лос Ангелес, пренесува Хина.

Неколку ривалски нарко банди веќе со години се бората за превласт во Веракруз.
Војната против дрогата во Мексико резултираше со најнасилниот период во модерната историја на оваа земја, во која од 2006 година се убиени повеќе од 150.000 лица, се наведува во јулскиот извештај на иницијативата „Правда за отвореното опоштество“ и пет други организации за човекови права.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори