Во планоснки предел на канадската провинција Квебек е изградена викендица опкружена со шума од дрва од смрека, даб, бука и бреза, која е замислена како модерна оаза во дивата природа.
Екстериерот на куќата е изграден од дрво од кедар, од кое се изработени и столбовите на кои е поставена викендицата, со што се добива илузија дека градбата левитира на падините на планината.
На приземјето на викендицата се наоѓа отворен простор во кој се сместени дневната соба, трпезаријата и кујната. Овој простор има прозорци долги осум метри кои гледаат кон пространа тераса на јужната страна на куќата, од каде се нуди панорамски поглед кон околните планини и блиското езеро.
На овој кат уште се наоѓаат и гостинска соба, просторија за играње и сауна, од која се излегува на помала тераса од северната страна на куќата.
На катот се сместени главната спална соба, детски спални соби и пространа бања.