Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, во настапот во Парламентот, нагласи: ДС иницираше да се донира во фондот за солидарност и добро е секој пратеник и носител на јавна функција согласно можностите да донира и ако нешто функционира тоа е солидарноста во овој кризен период.
Мораме да расправаме и за пропустите, за објективната, субјективната, политичката и друг вид на одговорност, за колапсот на системот за рано предупредување и задоцнета интервенција за намалување на последиците од невремето.
Трајанов ја пренесе и пораката од граѓани од поплавените подрачја:”Дваесет и пет години гласаме за Вас, а Вие не удавивте во кал”.
Трајанов предложи да се формира работна група која ќе подготви заклучоци со итни, но долгорочни мерки, меѓу кои да се провери оперативноста во функционирање на системот при земјотрес, поплави, пожари, снежни наноси, сообраќајни и железнички несреќи од голем обем, терористички акти и сл.