Министерството за труд и социјална политика согласно задолжението на Владата од седницата одржана на ден 13 август годинава, денеска соопшти дека се задолжуваат сите органи на државна управа, а се препорачува на другите државни институции и на единиците на локална самоуправа да ги ослободат од работа во времетраење од 15.8.2016(понеделник) до 19.8.2016(петок) вработените во поплавените подрачја, односно оние кои живеаат во Стајковци и Сингелиќ.
Исто така се препорачува и на приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја односно во населените места Стајковци и Синѓелиќ, се вели во соопштението од МТСП.