ЗНМ ја поздрави одлуката на СЈО да го преземе случајот за новинарот Божиновски

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Специјалното јавно обвинителство да побара од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да го преземе предметот на новинарот Зоран Божиновски, кој од април е во притвор поради сомнение за извршени три кривични дела.

„Веруваме дека Специјалното јавно обвинителство ќе води покредибилна и поефикасна постапка за случајот на новинарот Божиновски и ќе помогне вистината побрзо да излезе на виделина. Се надеваме дека СЈО по преземањето на предметот сериозно ќе ја разгледа можноста да побара укинување на мерката притвор за Божиновски.

Македонија како членка на Советот на Европа има обврска да ја примени Европската конвенција за човековите права и слободи. Сметаме дека македонските власти во случај на Божиновски не ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој од земјите потписнички на Конвенцијата бара мерката притвор или затвор против новинар да ја применат само кога тие се обвиниети за тероризам или говор на омраза. За сите други дела Европскиот суд смета дека затварањето на новинари е непропорционална мерка, со која може да се загрози слободата на говорот и слободата на медиумите.

Остануваме на ставот дека апсењето на Божиновски е политички мотивирано затоа што власта ги злоупотребува законите и институциите неосновано да ја ограничи слободата на медиумите. Веруваме дека Божиновски е притворен со единствена цел да се спречи да објавува нови коруптивни скандали против власта“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје