Куќа од вулкански пепел

Од:

Куќата е сместена во континеталниот дел на Италија и во целост е креирана од вулкански пепел. Архитектонското студио „О-цо2“ беше задолжно за креирање на целосно самоодржливо домаќинство.

Целта на проектот беше климата да влијае на секој аспект на дизајнот, поради што се оживеани древните правила на градба и користени се материјали од локалните извори.

Крајниот резултат е традиционална и енергетски ефикасна куќа. 

Надворешните ѕидови се од италијанскиот туфо камен, кој се формира со трупање на пепел исфрлен при вулканска ерупција. Ѕидовите се прекриени со различни термо изолациски материјали од околината, вклучително и рециклирано дрво од круша пронајдено на местото на изградна. Таа комбинација на елементи во зима ја задржува и таложи термалната енергија.

Внимателно планираниот распоред создава целосно спротивен ефект за време на летните месеци. Архитектите внимателно ги мапирале големината и позицијата на собите, како и на прозорците, со што е создадена вкрстена вентилација која природно го разладува просторот.

Топлите природни бои и материјали во внатрешноста на домот пружаат релаксирачки изглед и длабока поврзаност со богатата историја на регионот. 

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска