Зелената боја сега е во центар на вниманието, како во нашите градини и на нашите балкони, така и во декорациите и другите сфери на нашиот живот.
Во тој тренд е и грнчаријата во форма на листови од зелка, која е рачна изработка на уметничката Доди Тајлер.
Комплетот, со интересни украси и внимателна изработка е еден од приближно 125-те сетови на Тајлер, кој содржи чинии, филџани за чај и соодветни тацни.
Овие сетови во форма на зелена салата датираат од 60-те години на минатиот век, а биле сопственост на многу познати личности, меѓу кои и Џеки Кенеди Оназис.
Овие денови, токму тие сетови стануваат многу популарни и се враќаат со брз ритам, за што доказ е зголемениот интерес за нив на пазарот на аукции.