Една стара куќа на периферијата на бразилскиот град Сао Паоло, кој се наоѓаше во дотраена состојба, е претворена во модерен и удобен дом.
Реставрацијата на куќата ја изврши архитектонското студио „Тера е Таума“, кое при овој зафат водеше сметка да не го наруши интегритетот на околните објекти поврзани со оваа структура. За таа цел изработена е речиси целосно нова конструкција од бетонски блокови.
Реновираната куќа која се карактеризира со минималистички пристап, го доби името „Вила Матилда“.
Целиот комплекс вклучува место за паркирање на еден автомобил, призмена градина и терса сместена на покривот на куќата. На долниот кат е наоѓа дневниот престој, додека на катот има мала спална соба, од која се пружа панорамски поглед кон Сао Паоло.
Големите стаклени површини создаваат впечаток на отвореност на домот, за разлика од мрачниот и затворен амбиент на оригиналната градба.
Посебен дел на вилата е атриумот преполн со растенија, што нуди питом визуелен поглед, кој ги камуфлира грубите бетонски површини.