Две нови експлозии одекнаа во тајландското летувалиште Хуа Хин

Од:

Две експлозии одекнаа во тајландското летувалиште Хуа Хин, само неколку часови откако во други две експлозии во истиот град загина едно лице, а 21 се повредени.

Во новите експлозии се повредени четири луѓе.

Една од експлозивните направи била активирана веднаш до саат-кулата во туристичкиот град.
Лидерот на тајландската воена хунта, генерал Прајут Чан-оча ги осуди серијата бомбашки напади во земјата, за кои засега никој не презеде одговорност.

– Бомбите имаат за цел да предизвикаат хаос и паника, истакна премиерот Чан-оча, кој ја освои власта во 2014 година преку државен удар.

Претходно тајландската полиција објави список со странски државјани кои се повредени во претходните експлозии во Хуа Хин. Тие се префрлени во три болници во градот, а меѓу нив има државјани на Австрија, Велика Британија, Германија, Италија и Холандија.

Хуа Хин е едно од најпознатите и најлуксузни туристички места на Тајланд.

Во градот Сурат Тани утрово, исто така, се случија две експлозии на бомби, во кои загина една претставничка на локалните власти.

Двојна експлозија одекнала и на островот Пукет, при што едно лице било полесно повредено.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач