Лекари од Алепо бараат од САД да дејствува за да не се случи нова блокада на градот

Од:

Речиси половина од последните лекари кои работат во населбите на Алепо под контрола на бунтовниците, испратија писмо до Белата куќа во кое ја опишуваат очајната ситуација на населението, доколку режимот преземе нова опсада.

Изминатиот викенд бунтовниците успеаја да ја пробијат тримесечната блокада, која предизвика огромно поскапување на производите кои им се најнеопходни на населението. Според лекарите, ситуацијата останува безнадежна.

– Ако нема постојано отворен пат за снабдување повторно ќе бидеме блокирани од режимските сили, сиромаштијата ќе се зголеми, а медицинските резерви сосема ќе се потрошат, предупредуваат здравствените работници.

Потпишаните 15 од вкупно 35 лекари се разочарани од односот на САД, кои „не преземаат никакви мерки за да се отстрани блокадата или да го искористат своето влијание за заштита на цивилите“.

– Ние немаме корист од солзи, ниту од симпатии, ниту од молитви. Само докажете дека сте пријатели на Сиријците, се наведува во писмото на лекарите.

Би можело да ве интересира

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија

Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо

А1он

Ватикан: Папата испратил 100.000 евра за сиромасите во Алепо

Наум Локоски

Се слави на улиците на Алепо, откако армијата прогласи целосно ослободување на градот