Мејси и Лалиќ нови имиња во редовите на шампионот МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона ќе има уште двајца нови играчи во својот состав – Џеремаја Мејси и Јуре Лалиќ.

Двата трансфера беа објавени на интернет страницата на клубот.

Американецот со македонски пасош Мејси (34) кој има 202 сантиметри официјално стави потпис на едногодишниот договор со актуелниот првак. Игра позиција крило.

Мејси е поранешен репрезентативец на Македонија, играше во квалификациите за Европското првенство 2009 и на шампионатот што се одржа во Полска 2009 година. Одигра вкупно 12 натпревара во македонскиот дрес имаше просек од 12,7 поени по натпревар и 5,4 скокови.

Европската „епизода“ ја почна во 2005 година во дресот на грчка Лариса, а првиот забележителен настап го имаше во тимот на Арис, каде што играше во периодот од 2006 до 2008 година. Двете учества на грчкиот олстар-меч и МВП-признанието на овој ревијален меч освоено во 2008 година на Мејси му донесе и трансфер во големиот Реал Мадрид, чиј член беше во следната една ипол сезона, по што мина неколку месеци во шпанскиот тим Обраидо.
Руските тимови Локомотив Кубан и Красние крила се неговите следни екипи, а настапуваше и за бундеслигашот Бросе баскет. Настапуваше и во Либан, а пред МЗТ Скопје го носеше дресот на аргентинскиот прволигаш Депортиво либертад.

Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром ќе настапува како Македонец што нема да биде од посебна важност во АБА-лигата и во Еврокупот, каде што нема ограничувања, но ќе биде значајно во домашните натпреварување во кои нема да влезе во квотата предвидена за странски засилувања.

Покрај Мејси, ново име е и хрватскиот интернационалец Јуре Лалиќ (30) кој е висок 211 сантиметри. Игра на позицијата центар, а лани го носеше дресот на словенечката екипа Крка. Претходно има играно и за Задар, белгиска Шарлоа, Унион Олимпија, Цибона, бугарски Лукоил Академик и полска Зиелена гора.

Претходно во редовите на шампионот беа ангажирани: Американецот Џош Скот, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ како и македонскиот репрезентативец Марко Симоновски.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос