Во врска со погрешната информација објавена во медиумите денеска (10 август 2016) за починат работник во рудникот СИВЕЦ, Мермерен Комбинат АД Прилеп (“Компанијата” или “Мермерен”) појаснува дека таков инцидент се нема случено во рудникот СИВЕЦ кој го експлоатира Мермерен Комбинат АД Прилеп.
Очигледно, објавите во медиумите се однесуваат на друг рудник кој што нема никаква поврзаност со Мермерен и СИВЕЦ. Со цел да се избегне било какво недоразбирање, појаснуваме дека СИВЕЦ мермерот се произведува исклучиво од страна на Мермерен Комбинат АД Прилеп.
Компанијата изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот работник и неговите колеги.