Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза” во соработка со Црвен крст на Град Скопје постави пункт за донации за граѓаните од поплавените подрачја.
Пунктот се наоѓа на плоштадот Македонија, пред спомен-плочата на Мајка Тереза.
Како што соопшти граѓанската асоцијација, приоритетна помош се средства за хигиена и дезинфекција и конзервирана храна, а потребни се и волонтери за собирање на донациите и испраќање на помошта до Момин поток.