Јавен повик до македонските писатели и издавачи: И перото спасува живот!

Од:

Волонтерите од ФБ-групата за помош на настраданите во поплавите во Скопје, јавно ги повикуваат сите македонски писатели и издавачи да се вклучат во активностите, затоа што и “перото спасува живот“.

Се повикуваат, од утре, со почеток во 10 часот, да донесат дел од тиражите на своите книги, на одделен дел од пунктот во „Сити Мол“ и континуирано, кога се во можност, писателите и лично да се присутни за да ги потпишуваат книгите на заинтересираните граѓани.

Идејата е да се врши слободна продажба на книги од страна на самите писатели, а веднаш, со собраните средства да се купува она што од теренот на загрозените подрачја се јавува дека е потребно.

Волонтерите од ФБ-групата се надеваат дека македонските писатели и издавачи ќе го прифатат овој повик.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили