Прилечани повторно на терен во скопско

Од:

Стотина прилепчани, доброволци, по повикот на локалната самоуправа и кризниот штаб и денеска заминаа да помогнат во регионите зафатени од поплавите. Волонтери, пристигнаа од ВП Прилепско поле, работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп, екипи од противпожарната единица, Македонски шуми – „Црн Бор“, ЈКП „Комуналец„ и „Водовод и Канализација„ брзата медицинска помош и граѓани – доброволци, кои опремени со лопати, чизми и механизација, повторно рано утринава се упатија кон скопско, Стајковци. Некој од волонтерите денеска одат по вторпат.

Во текот на вчерашниот ден прилепските екипи, беа лоцирани во скопско Стајковци, според организационата поставеност од ДЗС на Р.Македонија.

Локалната самоуправа и денеска го отвора телефонскиот број, 048/401 701, за сите волонтери кои сакаат да се пријават за помош при расчитување на поплавените куќи во скопско, при што сите доброволци треба да остават име, презиме и телфонски број за контакт !

Воедно, граѓаните можат да продолжат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

А1он

Голема потрага по исчезнатите во поплавите во Тексас

Тексас: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 120, потрагата продолжува по повеќе од 170 исчезнати

Горан Наумовски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82