Раководството на ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ донираше парични средства за настраданите, а активностите за обезбедување на друг вид на помош се во тек, при што активисти на ДС се вклучуваат во расчистување на поплавените куќи и улици.
Демократскиот сојуз ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани, согласно можностите, преку донации и на друг начин да помогнат на семејствата кои имаат големи штети.
ДС укажува на потребата за рамномерна и правична распределба на помошта и да не се прави селекција според партиската припадност.
Воедно апелираме проценките за штетите да бидат реални, а надоместувањето на истите да биде транспарентно и едновремено за сите граѓани.