Најдено починато 12-годишно дете во Сингелиќ, се трага по исчезнато 16-месечно девојче

Од:

И.Г. од село Стајковци вчера околу 20:40 часот сам го пронашол телото на своето 12-годишно дете кое претходно беше пријавено за исчезното во невремето, потврдија од МВР за МИА.

Телото на детето е пронајдено на последната постојка за автобусот 65 во населбата Сингелиќ.

Детето заедно со својот дедо, таткото на И.Г., за време на поројниот дожд во саботата, се возело со трактор. Околу 22 часот во близина на крстосница меѓу улиците „8“ и „5“ наишол голем воден бран кој го превртел тракторот. Водата почнала да го носи детето кон местото Попово маало од каде му се губи трагата.

По извршената идентификација, по наредба на јавен обвинител, телото на детето е продадено на семејството.

Џ.Ф. (18), пак, вчера попладне во 18 часот ја пријавил за исчезната својата 16-месечна внука од брат му, кој почина во невремето.

Таткото и ќерката, на 6 август околу 20 часот, се движеле со возило во близина на обиколницата Смилковско езеро кога на нив наишол голем воден бран. Водата почнала да го носи возилото и од тогаш на детето му се губи трагата.

Како што велат од МВР, се преземаат мерки за пронаоѓање на детето, но до овој момент нема нови информации во врска со него, ниту за какви било други случаи на починати и повредени од досега објавените.

Заклучно со денеска, официјалниот број на загинати во невремето што го зафати Скопско во саботата достигна 22 лица.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје