Припадници на српската полиција помагаат на поплавените во Црешово

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија кои вчера беа упатени да помогнат на граѓаните на Македонија загрозени од елементарната непогода, веднаш по пристигнување во село Црешево, Скопско, се вклучија во помош на населението, како и на санација на теренот и црпење вода.

Во соопштението од српското МВР, како што јави Танјуг, се наведува дека ресорниот министер Небојша Стефановиќ упатил помош за Македонија во вид на механизација и луѓе за санација на последиците предизвикани од обилните врнежи.

Во Македонија се упатени повеќе теренски возила и камиони со неопходна опрема и пумпи, како и 20-тина припадници на Секторот за вонредни ситуаци при српското МВР.

Во катастрофалното невреме и поплавите што го зафати Скопскиот регион викендот, загинаа најмлаку 21 лице, десетина беа повредни, а над 1.000 лица се евакуирани. Во земјата вчера беше прогласен ден на жалост за жртвите од невремето.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници