Исландските турбини можат да издржат неверојатно силни ветрови и ги напојуваат домаќинствата со електрична енергија.
Најсеверната држава веќе 100 отсто се снабдува со обновливи извори на енергија, но тоа никако не ги спречува да ги прошируваат нивните капацитети. Исланд одлучи да ја искористи големата предност од масивните ветрови кои дуваат во земјата и еден инжинер успеал да креира турбини кои можат да излезат на крај со нив.
Наречени IceWind CW1000, овие воздушни турбини можат да стојат на широка основа и наместо да ротираат кон надворешната страна, нивните сечива се поставени вертикално.
Закривените пропелери се дизајнирани на начин кој не им дозволува пребрзо вртење и со тоа го решаваат најголемиот проблем на сите модерни ветерници. Сетхор Асгеирсон ги измислил овие машини и во таа прилика ветил дека ќе ја постави енергетската генерација на Исланд на следно ниво. Од причина што функционираат како станбени турбини, тие се во состојба да дистрибуираат енергија ширум земјата.