МНР: Повеќе држави и понудија помош на Македонија

Од:

До Република Македонија помош за справување со последиците од невремето во Скопско и во Тетовско досега понудиле бројни пријателски држави. Првите понуди за помош пристигнаа од државите од поширокото соседство како Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Турција и Хрватска, а понуда за помош се уште пристигнува, информираат од Министерството за надворешни работи за МИА.

– Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби на Република Македонија во справувањето со вонредно настанатата состојба, по што ќе биде и официјално побарана меѓународна помош, посочија од МНР.

Република Македонија, посочуваат од МНР, викендов ја зафати најголемата елементарна непогода во последната деценија. Во поплавите во Скопје животот го загубија 21 лице и над 70 се повредени. Владата на Република Македонија денеска прогласи и ден на жалост. Силите на Министерството за внатрешни работи и АРМ, заедно со Црвениот крст на Република Македонија и граѓани-волонтери сеуште се на терен и работат на расчистување на теренот. Воедно, започнати се бројни хуманитарни акции за оштетените семејства, потсетуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили