РТС: Зошто само Скопје се најде на удар на големото невреме?

Од:

Во гостувањето на вестите на РТС, метеорологот Недељко Тодоровиќ кажа дека циклонот го помина овој регион и нема опасност од нови непогоди.

-Тој облак бавно се преместуваше, па големо количество вода падна на едно место во појас од 5 до 10 километри, рече Тодоровиќ.

Прогнозата на екстремни појави е исклучително тешка работа и иако нашите метеоролози ставија портокалов метеоаларм за југот на Србија, тое не е гаранција за долната граница на врнежи.

Покрај метеоролошките услови дополнителни проблеми при вакви непогоди создаваат и неисчистените канали, но и самата конфигурација на теренот.

-Скопје е во котлина, а околу се планини и водата бара пат за да помине. Попатно собира камења, гранки и понекој автомобил, така што конфигурацијата на теренот во голема мера ги диктира последиците од непогодата, рече Тодоровиќ.

Српскиот метеоролог објасни дека облаците вообичаено брзо се движат и брзо се полнат. Во случајот на Скопје според него, облакот бил исклучително спор и ја испуштил сета вода што ја имал на релативно мал простор.
Според него, во наредните денови не треба да се очекуваат поголеми врнежи во овој регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

А1он

Голема потрага по исчезнатите во поплавите во Тексас

Тексас: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 120, потрагата продолжува по повеќе од 170 исчезнати

Горан Наумовски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ