Формирано посебно тело за отстранување на штетите и последиците од поплавите во Бутел

Од:

Посебно тело за отстранување на штетите и последиците од поплавите во Општина Бутел синоќа било формирано на состанок со кризниот штаб на општината, соопштија од општин Бутел.

-Веднаш се известени вработените, а набрзо е активирана и градежна механизација на најкритичните точки во општината. Приоритетно беше оспособувањето на патниот правец Радишани –Љубанци, како и сообраќајниците во населените места: Жегроец, Љуботенски пат и Раштански пат, се наведува во соопштението.

Во текот на вчерашниот ден во соработка со ЈП Водовод и Канализација била обезбедена цистерна за испумпување вода од поплавените куќи во Жегроец и Бутел. Денеска, механизацијата ќе биде ангажирана во Љуботен и Раштански пат за расчистување на последиците од поплавата.

Од Општината апелираат до граѓаните од општина Бутел, кои се погодени од невремето на кој било начин и им е потребна помош да се јават кај следниве лица за контакт од општина Бутел: Слободан Невенов ( 075 442-103), Ивица Тодоровски (071 238-998), Снежана Клинчарова (076 438-721) и Сузана Мартиновска (076 404-588).

Граѓаните на општина Бутел кои сакаат да им помогнат на настраданите во поплавите на територијата на град Скопје, своите средства да ги уплатат на следнава жиро сметка на Комерцијална банка: ЖС. 300000001327966 – Комерцијална банка.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили