Апел: Донирајте за поплавените во 13 часот пред скопски „Веро Центар“

Од:

Денеска во 13 часот пред скопски „Веро Центар“ во населбата Аеродром е организирана акција за собирање помош за граѓаните од поплавените подрачја.

Оваа информација се споделува преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

До утрово до 8.30 минути, според официјалните информации на МВР, од невремето во Скопје има 15 загинати, 6 лица се водат за исчезнати, а 22 граѓани се повредени и хоспитализирани на скопските клиники.

Најголем дел од жртвите се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде има и најмногу урнати и поплавени куќи, како и уништени возила.

Како што сооштуваат од МВР ноќеска и денеска од МВР се ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници