Во Скопје 93 литри наврнат воден талог во изминатите 24 часа

Од:

Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Скопје каде се измерени 93 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за мерењата на наврнат воден талог до 8 часот утрово.

Во Маврово наврнале 39, во Пожаране 28, Крушево 20, Охрид 18. Во Ѓуриште за изминатото деноноќие се измерени 11 литри на метар квадратен, 10 во Лазарополе, 5 во Скопје – Петровец, два литра во Тополчани и Берово и еден литар на метар квадратен во Куманово, Штип и Претор.

УХМР соопшти дека и денес подрачјето на Македонија ќе остане под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови повторно ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Најпрво ќе бидат зафатени западните делови а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер. Повремени врнежи ќе продолжат и преку ноќта. Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

Во Скопската котлина времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Србија: Ветрови со сила на ураган носеа сè пред себе, наврна многу дож, а некаде падна и град

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени

(ВИДЕО) Страшна бура го погоди Пожаревац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски

Крагуевац е погоден од силна бура, при што силните ветрови дури и соборија дрво

(ВИДЕО) Силни дождови ја погодија Анкара, делови од градот се поплавени

Горан Наумовски