Герила акција: Се појавија косачи покрај автопатиштата – алармираат за безбедност

Од:

Покрај автопатот кон Маврово, денеска се појавиja фигури на луѓе што косат. На фигурите пишува: „Неискосената трева крај патот го зголемува ризикот од несреќи“. Тие се поставени како опомена за надлежните.

Македонските патишта, според статистиките, се меѓу најнебезбедните во Европа. Според анализите на германската асоцијација за безбедност на сообраќајот ADAC, неискосените површини со трева или џбунови повисоки од 40 см, ја золемуваат веројатноста за сообраќајни несреќи на двонасочните патишта со 2 или 3 ленти за дури 30 до 40 отсто.

– Идејата на оваа акција е да се опоменат надлежните (Македонија пат) за потребата од косењето високои треви покрај патиштата бидејќи неискосената висока трева и џбуновите кои растат до самиот раб на патот ја намалуваат преледноста и ги загрозуваат учесниците во сообраќајот. Со ова акција сакаме да ја подигнеме видливоста на овој проблем присутен речиси секаде низ Македонија и да придонесеме кон зголемувањето на безбедноста на ситеу чесници во сообраќајот. Со олед дека најголемиот број регионални патишта во Македонија, се обраснати со треви, време е надлежните да ги фатат косите (им оставивме неколку ако немаат) и да придонесат кон зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, велат активистите.

Акцијата е поддржана од Цивика мобилитас.

Би можело да ве интересира

Во Битола се оддржа герила акција „И воздухот во Битола подлегна под корупција!“

А1он

Герила акција „Заробена држава – никогаш повеќе“ изложена на улица „Македонија“

Ана Ололовска

Се крадат велосипеди, полицијата спие

Ана Ололовска

Герила акција во Центар: Дури две третини од младата популација е неписмена

Ана Ололовска

Герила акција: Огромна пастрмка во Скопје

Ана Ололовска

Герила акција за криминалната и „непатриотска“ борба за Македонија

Ана Ололовска