Еден таксист од Сингапур во своето возило пронашол 1,1 милиони сингапурски долари (нешто повеќе од 700.000 евра), а парите ги вратил на сопствениците.
Таксистот Сја Ка Тјан (70) во својот автомобил пронашол пластична кеса полна со банкноти од по 1.000 долари.
“Бев сигурен дека има најмалку 200.000 долари”, раскажа тој за сингапурскиот весник Стрејт тајмс. Меѓутоа, кога парите ги однел во службите за изгубени работи во својата такси компанија, колегите изброиле 1,1 милиони долари.
“Не ме интересираат парите. Тие не ми припаѓаат мене. Што би правел со нив”, објаснува таксистот кој вози 31 години.
Сопствениците на парите се Тајланѓани кои го наградиле таксистот, но не е наведена висината на наградата.