Штетата од сообраќајките во Албанија 1,5 отсто од БДП

Од:

Сообраќајните несреќи во Албанија претставуваат голем проблем, не само од здравствен аспект, туку и од економски, јави дописникот на МИА.

Во извештајот на Светска банка стои дека Албанија има едно од највисоките нивоа на смртност во сообраќајни несреќи во Европа, со просечно 84,7 загнати годишно на 100 илјади возила.

Според Банката. овој податок е најмалку двапати повисок од оној во земјите од регионот, каде смртноста при сообраќајки изнесува од 13,8 загинати на 100 илјади возила во Грција, до 41,3 во Црна Гора.

Доколку се направи споредба со податоците во развиените западни земји, смрттноста при сообраќајни несреќи во Албанија е дури и десетпати повисока.

– Но,освен високата трагична човечка цена,која ја земаат сообраќајките, тие претставуваат и висок товар за економијата. Економската цена од сообраќајките по албанските патишта просечно годишни изнесува околу 130 милиони евра или 1,5 отсто од БДП, стои во извештајот на Светска банка.

Поради вознемирувачките показатели, во април минатата година Светска банка и албанската Влада почнаа заеднички проект вреден 128,5 милиони евра за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Цел на проектот е до 2020 година бројот на загинати во сообраќајни несреќи да се намали на 250 лица, наспроти 295 колку што животот го загубиле во 2013 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“