Американскиот архитект Кристоф Кајзер трансформираше еден силос за жито, изграден во 50-те години на минатиот век, во удобен дом за него и неговата сопруга.
Куќата се наоѓа во американската сојузна држава Аризона и претставува одличен пример за тоа како една неконвенционална градба може да се претвори во станбен објект.
Височината на челичниот силос му овзоможила на Кајзер да направи двокатна куќа со модерен декор, за чија несекојдневност придонела и самата цилиндрична форма на градбата.
Елементите во куќа се прилагодени на нејзината форма, па целиот мебел е заоблен и иделано вклопен во внатрешниста, чиј под е изработен од рециклирани даски од орево дрво.
Двата ката на куќата се поврзани со скали од црн челик, кои од дневниот престој водат директно во спалната соба на горниот кат, чиј таван е засводен.
Мудро избраниот мебел и декорациите, овозможуваат куќата да изгледа многу попространа од нејзината реална големина од само 32 метри квадратни.