Камерон во Белфаст: Сакаме побрз економски развој на Северна Ирска

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон престојува денеска во Белфаст, на разговори со локалните политичари околу побрзиот економски развој на Северна Ирска и за можноста за проширување на деволуцијата, со префрлање на некои овластувања на локалното Собрание и на владата.

Во разговорите со северноирскиот прв министер Питер Робинсон и со заменикот Мартин Мекгинес,премиерот Камерон го покренал прашањето за тоа властите во Северна Ирска да може самите да го определуваат корпорацискиот данок,како една од виталните мерки за покренување на тамошната економија.

Овој данок во Северна Ирска изнесува 24 отсто,како што е тоа определено за целата Велика Британија,но во соседна Република Ирска,корпорацискиот данок изнесува само 12,5 отсто, што ја прави оваа земја многу поинтересна за странските инвеститори и компании,а особено за оние од САД.

Владата во Лондон сега настојува да се придвижи северноирската економија,со привлекување на странските инвеститори кои сега ја одбегнуваат,иако безбедносната ситуација е многу подобра од пред десетина години.

Една од мерките на британската влада е и префрлање на дел од овластувањата, што сега ги има Лондон, на властите во Белфаст,во секторот на корпорацискиот данок,за што се заинтересирани и локалните политичари. Намалувањето на сегашната голема разлика во висината на корпорацискиот данок со Ирска, ќе ја направи Северна Ирска многу поконкурентна на пазарот на капиталот и инвестициите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска