СДСМ: Манипулациите на „Дневник“ го покажуваат стравот на Груевски од вистината и губењето контрола врз медиумите

Од:

Очигледно е дека провладиниот „Дневник“ намерно провоцира со манипулативен наслов за ад-хок телото коешто ќе ја надлегува работата на медиумите за предвремените парламентарни избори и целиот предизборен период, велат од СДСМ.

„Манипулацијата дека петтиот член во ад-хок телото ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ односно дека оваа партија ќе предложи 3 членови го покажува најголемиот страв на Никола Груевски од функционирање на ова тело и губење на контролата врз медиумите.

Вистината е сосема поинаква од она што лажно сака да го претстави провладиниот „Дневник“.

Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, во Членот 196-д, јасно дефинира дека ад-хок телото е составено од пет члена од кои „четири члена ги определуваат двете политички партии во опозицијата со најголем број пратеници и двете политички партии на власт“.

Додека пак петииот петтиот член на ад-хок телото законски е одредено дека се именува по предлог усвоен со консензус од четирите члена коишто веќе биле именувани.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не можат да се помират со фактот дека за предвремените парламентарни избори медиумите ќе мора да известуваат професионално, објективно и во интерес на јавноста“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски