Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ја нарече денеска Австрија „престолнина на радикалниот расизам”, упатувајќи критики кон канцлерот Кристијан Керн за неговиот став дека преговорите на Турција за членството во ЕУ треба да се прекинат.
Во интервју за телевизијата „ТГРТ Хабер“, Чавушоглу ги нарече забелешките на Керн „ужасни” и во целост ги отфрли.
Керн вчера изјави дека ќе иницира дискусија помеѓу европските лидери за прекин на преговорите со Турција поради пропусти во демократијата и економијата во земјата.