Една стата селска куќа во шпанскиот регон Астуријас, која речиси 50 години стоела празна и напуштена, е реновирана и трансформирана во современ семеен дом.
Реновираната куќа сега има два дела – главен објект и помошни простории. Двата дела се изработени од дрво и камен, при што некои ѕидови биле реставрирани, а некои целосно одново изградени, за што бил употребен локален бел камен.
Оригинално фасадата на куќата била од камен, но сега таа е обложена со монолитни бетонски плочи кои наликуваат на дрвена текстура, со што на целиот објект му се дава рустикален и топол изглед,
Куќата се наоѓа на една стрмна падина и од неа се пружа прекрасен поглед кон околните реони, Поради теренот на кој се наоѓа, меѓу јужната и северната фасада на куќата постои висинска разлика од два метри.
За да го надминат проблемот со стрмниот терен, архитектите во призмејето направиле неколку одвоени зони, кои се наоѓаат на разлини висински нивоа.
Така големиот дневен престој е на три нивоа со големи прозорци, а целокупниот ентериер е организиран околу четиру стурктури во форма на дијамант, кои се протегаат низ целата куќа.
Кон двете спални соби на катот од куќата се оди преку метални скали во дневиот престој, под кои се поставени полици за книги. Главната спална соба има и пространа тераса со прекрасен поглед.
Помошната градба, која порано била штала, сега е претворена во објект со две спални соби со високо поткровје.
Комбинацијата на бетон, греди, водоотпорно дрво и локален камен, на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.