Миноски да не се крие, на депозитната сметка мора да има 167 милиони евра за 2017-та!

Од:

Кирил Миноски наместо да се крие, нека се охрабри и веднаш јавно да потврди дека на 31-ви декември 2016-та година на депозитната сметка ќе има 10 милијарди и 245 милиони денари или 167 милиони евра!

167 милиони евра мора да има на депозитната сметка за 2017-та година!

Ова е обврска што произлезе преку неговото министерство, дополнувајќи ја во ребалансот ставката за депозити со 167 милиони евра наменети за трошење во 2017-та, само за да ја протуркаат незаконската еврообрвзница од 450 милиони евра.

Ваквиот ребаланс на Буџетот е изгласан од владејачкото мнозинство во Собранието на Р.Македонија!

Доколку на крајот од годината на депозитната сметка има помалку од 167 милиони евра, ќе биде прекршен Законот за извршување на Буџетот.

Затоа сега е време Кирил Миноски да се освести и да престане со исполнувањето на наредбите дадени од Груевски ако не сака да си навлече нови кривични дела на својата сопствена кожа.

Порачуваме дека СДСМ будно ќе го следи трошењето на 450-те милиони од незаконската еврообврзница како и трошењето на народните пари и предупредуваме дека сите инволвирани во незаконското издавање на оваа еврообврзница ќе одговараат, порачуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он